Зелена витаминска бомба

Сите знаеме дека зелената боја во исхраната значи многу здравје и сила за извршување на дневните обврски.

Еве еден smoothie рецепт, одличен за детоксикација а ние го нарековме „Зелена витаминска бомба“.

За подготовка на ова smoothie потребни ви се кељ, половина краставица, еден лимон, целер, јаболко, ѓумбир и вода. Сите состојки треба да ги ставите во блендер и за неколку секунди вашиот рецепт е готов.

Зошто токму овие состојки се добри за детоксикација на вашето тело?

  1. Кељот содржи витамин Ц, антиоксиданти, витамин А, железо и магнезиум кои се потребни за подобрување на имунитетот.
  2. Краставицата содржи калиум и витамин Ц и добра е за хидратација на кожата.
  3. Лимонот содржи Ц витамин кој е корисен за детоксикација, делува анти-бактериски, како прочистувач на  крвта и црниот дроб, како pH стабилизатор и н го подобрува имунитетот
  4. Целерот содржи калциум, Б витамини,железо и магнезиум потребни за детоксикација и смирување на нервозата.
  5. Ѓумбирот е добар за целиот организам, за намалување на стрес, заштита и превенција од многу болести.
  6. Јаболкото е богато со антиоксиданси, витамини, железо, магнезиум, калциум, калиум и одлично за подобрување на вашиот имунитет, за здрави заби, варење на храната поради присуството на растителни влакна кои му помагаат на дигестивниот систем.
СПОДЕЛИ
Претходна објаваGwyneth Paltrow претстави сопствена колекција на мебел!
Следна објаваЕсенска колекција “Stunder” на Massimo Dutti!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР