Алкохол, кафе и лук, овие намирници се речиси гаранција за лош здив. Исто како што постојат намирници која го предизвикуваат, постојат и такви кои можат ефикасно да го спречат лошиот здив,кога мастиката за џвакање не е достапна.

8 намирници кои помагаат против лошиот здив

1. Вода
Сувата уста полна со честички храна е идеална средина за лош здив. Водата може тоа брзо да го отстрани со балансирање на рамнотежа на влага во устата.

2. Природен јогурт
Редовното консумирање на природен јогурт може да ја спречи халитозата. Содржи  лактобацили, кои исто така се грижат за добрите бактерии во устата и ја спречуваат прекумерната акумулација на лошите, кои предизвикуваат лош здив. Важно е да се одберете јогурт без додаден шеќер.

3. Јаболка
Киселината помага при лош здив, па така и киселините содржани во јаболката. Едно јаболко секојдневно, веднаш по оброкот, успешно може да го спречи лошиот здив.

4. Топол лимон
Чистиот цитрус е премногу кисел за повеќето луѓе, но може ефикасно да помогне за  лошиот здив. Исцедете сок од еден лимон и измешајте го со топла вода.

5. Растенија
Магдонос, анасон, копар, ѓумбир … листата е долга. Овие растенија содржат апиол, растително масло кое може да ги врзува мирисите на себе. Од друга страна, тие прават дезинфекција. Можете да ги консумираат во форма на чај.

6. Црн чај
Тие кои често треба да се справат со лошиот здив во утринските часови треба да почнат да пијат црн чај наместо кафе. Не само што ќе ве разбуди, туку и го спречува растот на бактериите кои предизвикуваат лош здив.

7. Цреши
Црешите не се само вкусно овошје, туку исто така го разградуваат метанетиолот кој е одговорен за лошиот здив.

8. Спанаќ
Полифенолите содржани во спанаќот можат да се користат како противтежа на сулфурните врски кои ги произведуваат лукот и кромидот. За време на оброкот можете да почнете да се борите против лошиот здив. Патем, истото важи и за босилекот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваFendi Casa на Design Miami!
Следна објаваГолема изложба во чест на легендарниот музичар Princе!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР