Модната куќа Balmain објави нова колекција на слушалки во соработка со Beats by Dre.
Ова не е првата соработка меѓу Beats и модните брендови – минатите соработки вклучуваа големи модни куќи како Fendi и Alexander Wang. Но, Balmain во последниве неколку години се повеќе се издвојува, делумно благодарение на блиското пријателство на креативниот директор Olivier Rousteing со семејството Kardashian-Jenner, кое често ги носи неговите дизајни на црвениот ќилим.
Balmain е познат по драматичниот дизајн на метал и кожа, така што колекцијата Beats е токму во согласност со таа естетика. Темата на колекцијата е “Урбан сафари”.
Посебно за вовед во оваа колекција, Olivier Rousteing создаде музичка листа што можете да ја превземете од Apple Music, а слушалките од сега, се на продажба.