Верувам…
дека нашето потекло и околностите може да влијаеле на тоа кои сме, но сами сме одговорни за тоа што сме станале.

Верувам…
дека без оглед колку добар пријател е некој – тој повремено ќе те повредува и мора да му простиш за истото.

Верувам…
дека само затоа што некој не те сака на начин на кој ти сакаш да те сака, не значи дека не те сака со цело свое срце.

Верувам…
дека вистинското пријателство продолжува да расте дури и на големи далечини. Истото важи за вистинската љубов.

Верувам…
дека ми е потребно долго време да станам личноста што сакам да бидам.

Верувам…
дека можеш да продолжиш да одиш уште многу, многу подалеку откако ќе речеш – не можам.

Верувам…
дека сме одговорни за тоа што го правиме, независно како се чувствуваме.

Верувам…
дека или го контролираш однесувањето или тоа те контролира тебе.

Верувам…
дека херои се луѓето кои го прават тоа што треба да се направи кога истото треба да се направи, независно од последиците.

Верувам…
дека мојот најдобар пријател и јас можеме да правиме било што или ништо, а сепак да си поминеме најубаво.

Верувам…
дека понекогаш луѓето кои очекуваш да те докрајчат кога си долу, се оние кои ти помагаат да се издигнеш.

Верувам…
дека понекогаш, кога сум лут имам право да сум лут, но тоа не ми дава за право да бидам суров.

Верувам…
дека не е секогаш доволно да ти простат другите. Некогаш треба да научиш да си простиш и себеси.

Верувам…
дека без оглед колку лошо е скршено твоето срце, светот не застанува заради твојата жалост.

Верувам…
дека само затоа што две личности се караат, не значи дека не се сакаат. И само затоа што не се караат, не значи дека се сакаат.

Верувам…
дека не треба да бидеш многу упорен да дознаеш тајна. Може да ти го промени животот засекогаш.

Верувам…
дека животот може да ни се смени за само неколку часови од луѓе кои не не ни познаваат.

Верувам…
дека луѓето за кои се грижиш најмногу во животот, прерано ти се одземени.

Верувам…
дека дури и кога мислиш дека немаш ништо повеќе да дадеш, кога ќе те побара пријател ќе најдеш сила да помогнеш.

Верувам…
дека признанијата закачени за ѕидот не те прават нормално човечко суштество.

Верувам…
дека зрелоста има повеќе врска со видовите искуства што си ги имал и што си научил од нив, а помалку со тоа колку родендени си прославил.

Верувам…
дека треба секогаш да ги оставаш саканите луѓе со нежни зборови. Може да ги гледаш за последен пат…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо чест на недовршените книги…
Следна објаваКолоритен скандинавски стан
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР