1.1

Мојата ќерка Грејс наполни 5 години на 15 април 2013 година. Нејзината желба беше да направи луѓето да се смеат. Заедно купивме 18 рози на патот кон градинка…

Грејс по случаен избор започна да ги дели розите, како што сама кажа, „на оние луѓе за кои таа чувствува дека им е потребно да се насмевнат“. Одговорот на овој гест беше посилен отколку што самата очекував: денот на 7 лица претрпи огромна промена, така што нивните тажни мисли автоматски се сменија во охрабрувачки; 11 лица побараа да се сликаат со мојата ќерка, нарекувајќи ја ангел; додека тројца од нив заплакаа и ја прегрнаа, кажувајќи ѝ колку тоа им значи. Една постара госпоѓа ја држеше ќерка ми цели 10 минути, оправдувајќи се за прегратката дека многу ѝ недостига нејзината ќерка… една старица ѝ подари огромна беззаба насмевка, признавајќи дека сега има голема верба во децата на денешницата. Ѝ дадов 10 долари, а таа ги стави во рацете на старицата – „ти благодарам чедо, сега може да купам вечера за моето семејство“, ѝ одговори таа, пресреќно.

Многу сум горда на несебичноста која ја покажа на својот петти роденден. Ние мора да го правиме ова почесто – одиграјте ја паметно својата улога на родители, научете ги Вашите деца на вистинските вредности. Еден несебичен гест може да го спаси човештвото.

~ непознат автор, вистинска приказна.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМашина пред своето време | The Writer
Следна објаваЈагуар 2014 Big Game| Британските Негативци “Рандеву”
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР