Назад до XV век, во едно мало село во близина на Нинберг, живееше семејство чии деца достигнаа бројка од осумнаесет. Со единствена цел да се одржи трпезата полна секоја вечер, нивниот татко работеше повеќе од 18 часа на ден како ткајач – некогаш се случуваше да остане и прекувремено, кога можеше да им помогне на соседите, кои му оставаа некоја паричка за возврат.

И покрај нивната белизлезна ситуација, две од постарите деца имаа сон – посакуваа да го следат својот талент за уметност, но и двајцата беа свесни дека нивниот татко никогаш нема да може финансиски да се оспособи да испрати било кој од нив двајца да студира на Академијата за уметности во Нинберг.

По долги разговори во текот на долгите ноќи, во нивниот преполн кревет, браќата склучија пакт: ќе фрлаат паричка. Тој што ќе изгуби ќе работи во рудникот, така што со неговата заработувачка ќе ги поддржи студиите на брат му. Потоа, по дипломирањето – другиот брат ќе го финансира братот кој предходно робуваше во рудникот, било преку продажба на неговите дела, било преку друга работа. Паричката беше фрлена. Веднаш утрото, по неделната миса, едниот од браќата се упати кон Нинберг. Другиот брат слезе во опасните тунели на рудникот и четири години ја поддржуваше сензационалната артистичка работа на својот брат, Гравирање, дрворез, масло на платно.. неговиот талент беше неоспорен од страна на големите уметници на Академијата и неговите студии беа завршени во рекорден рок. За кратко, тој почна да заработува од своите дела чија популарност го потресе Нинберг до сржта.

Но, младиот уметник не заборави на ветеното. Се врати во својата родна куќа, пресреќен што конечно е со семејството. Тие му беа приредиле свечена вечера по повод неговото враќање и дипломирање, исполнета со богата трпеза, вино и музика. И многу смеа, многу емоции. Академикот се исправи и започна здравица во чест на неговиот брат, наздрави за годините на жртва во рудникот кои му помогна да си го следи сонот, говорејќи дека сега е негов ред… „благословен сум што имам брат како тебе“, рече тој. „Сега можеш веднаш да појдеш во Нинберг, а јас ќе се грижам за сите Вас, мои најдраги.“. Сите присутни на вечерата, желни за одговор го упатија својот поглед на крајот на масата каде што седеше рударот. Блед и истоштен, си дозволи неколку солзи да се слеат по неговото измачено лице. Тој ја спушти главата надолу и низ липтање, неколку пати повтори „не, не… не! Не и не… не. Не!“. Уметникот веднаш му се приближи и го прегрна, бришејќи ги солзите од неговото лице. „Не, брате мој. Јас не можам да одам во Нинберг, предоцна е. Погледни… погледнете си што им сторија четирите години во рудникот на моите раце. Секоја коска од моите прсти беше скршена барем еднаш, а во последно време всушност, страдам од артритис, особено во мојата десна рака. што дури правилно не можам да ја одржам чашата за оваа здравица. Не би сакал да помислам дека би можел да ракувам со четка или јаглена мина… благодарам брате, но, премногу е доцна за мене.“

Речиси пет века поминаа од тогаш. До сега, стотици портрети, скици, акварели, графики, дрворези на Албрехт Дирер ги красат музеите ширум светот, но, шансите за познавање на позадината на неговите маестрални дела се релативно мали – во текот на својата уметничка кариера, Албрехт не заборави да му оддаде почит на својот сакан и ценет брат за сето она што тој го жртвуваше, давајќи му вечен живот преку сликање на неговите злоупотребени раце, каде дланките се склопени заедни, а тенките прсти се упатени кон небото. Делото е наречено „Раце кои се молат“ и светот веднаш го отвори срцето за ова големо ремек-дело и го восприми огромниот респект и љубов која единствено може да се препише на силата на едно семејство.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Охридско зајдисонце
Следна објаваМистериозни фотографии | Ilya Kisaradov
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР