Chiara Feragni од блогот TheBlondeSalad.com е убедливо најпознатата и најуспешната модна блогерка. Покрај колекцијата накит и патики, во нејзиното портофолио има и соработки со Guess, Christian Dior, Chanel, Tommy Hilfiger, Mango, Louis Vuitton, Victoria’s Secret, а годинава беше објавена и нејзината книга, прирачник за добар стил наречена како и нејзиниот блог “The Blonde Salad”.

1

Вториот познат и успешен блог е на Emily Shuman, CupcakesandCashmere.com, од Лос Анџелес. Покрај обезбедување на своите читатели со свежи и креативни совети за добар изглед, тука се и рецептите за вкусна храна, кои се веќе објавени и продадени како книги.

2

Друг познат блог по ранг е “The Man Repeller” на Leandra Medine за кој е и издадена и книга. Многу корисни совети како да ги комбинирате фармерките од момчето и други опуштени парчиња кои сте сметале дека се апсолутно безнадежни во било која модна комбинација.

3

Со седиште во Швајцарија, белоруската убавица Kristina Bazan од Kayture.com е следната популарна модна блогерка, која уште од 18 годишна возраст беше во фокусот на Teen Vogue. Модните изгледи во комбинација со нејзините омилени места за излегување, додаваат дополнителен шарм на блогот.

4

Jessica Stein од Tuulavintage.com е полн со супер слатки изгледи, карактеристични по миксот од женственост и удобност. Некои од нејзините парчиња се достапни и за шопинг, а на блогот има и можност читателите да експериментираат со нејзините модните комбинации.

5

Ултра креативните стилски идеи на Gala Gonzalez од Amlul.com се достапни за поширока маса читатели. Таа изработува и своја модна линија и со право го има загарантираното место меѓу најдобрите светски модни блогерки.

6

Alex, “The Cherry Blossom Girl” го користи блогот за презентирање на својата работа како моден дизајнер, кои се достапни за шопинг на читателите. Во нејзиното портфолио значајни се соработките со Alexander McQueen и Chloe уште во 2007ма година.

7

Уште една млада и успешна блогерка, со заслужено внимание од Teen Vogue е Aimee Lee од SongofStyle.com препознатлива по младешкиот гранџ стил и одличните совети како најдобро да го постигнете.

8

Шик луксузни изгледи на блогот на Elin Kling, The Style of Kling, која покрај светски познат блогер е и успешен претприемач и ко-основач на Интернационалната Модна Мрежа и сопственик на врвната онлајн модна платформа NOWMANIFEST. Со право и често е нарекувана и модна икона.

9

Последна, но не и помалку важна е Zina Charkoplia од FashionVibe.net со супер младешки и шармантен стил, прогласена за „Блогер на моментот“ од Teen Vogue.

10

Следете ги и инспирирајте се!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДаниел Кајмакоски повторно со супер изведба на X FACTOR
Следна објаваДецата се деца и кога ќе пораснат
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР