.1.

Да ти кажам, да не кажеш потем оти не сум ти рекла, рече сенката Господова:
смртта е врата.
И љубовта е врата, истата таа врата.
Од една страна е љубовта, од другата смртта. Само двапати се отвара таа врата – еднаш за да влезеш во љубов и еднаш за да излезеш од љубовта, во смрт. Никој не знае дали може пак, од онаа страна да отвориш и да се вратиш, од смрт во љубов оти никој од таму не се вратил.
Само еднаш се љуби и умира, да не кажеш после дека не сум ти рекла.
Едноставно е – кој не љубел, тој не живеел; и кој не умрел, тој не живеел…

 

– „Вештица“ – Венко Андоновски

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБожиќ – празник во домот
Следна објаваМомци со стил на Инстаграм
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР