Sasha Leahovcenko e фотограф од Молдавија кој патувал два пати до „крајот на земјата“, поточно до местото познато како Чукотка во Сибир, со цел да ги фотографира тамошните племиња чии членови никогаш претходно не биле фотографирани. Освен топла облека, чевли и други подароци, Leahovcenko и неговиот тим им подаруваат и фотографии од нив самите.

Фотографиите направени на овие патувања сведочат за древниот начин на живот кој современиот и модерниот свет го има заборавено. Иако живеат во тешки услови, сепак овие луѓе зрачат со чувство на мир и задоволство. Можеби живеат на „крајот на светот“, надвор од цивилизацијата, но овие луѓе се среќни, а тоа е најважно! За целосно да почуствувате барем дел од животот во Сибир погледнете го и краткиот документарен филм. 

1

2

3

5

6

7

8

9

10

11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕлизабета: Златното доба – Таша Александер
Следна објаваСнежната кралица на Андерсен
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР