Ерата на Елизабета во историјата е позната како ера на војна, страст и спектакуларна моќ. Кралицата се бореше со непријатели, љубовници, па дури и со својата сопствена сестра, правејќи непоправлива штета на нејзината сакана Англија, но и на остатокот од светот. Приказната за крстоносна војна на една жена за контролирање на љубовта, елиминирање на непријатели со цел да ја одржи својата позиција на почитувана икона на западниот свет, оценета како:

„Потврда за авторската способност на Таша Александер за создавање напнати ситуации и богати, карактеристични и релевантни ликови во забавна приказна без да го наруши текот на настаните или да ги елиминира клучните историски моменти.“

Концентрација врз ликот на Елизабета I под закана на шпанската армада и Мери, Кралицата на Шкотите, овој роман на Таша Александер ги истражува нејзините односи со Волтер Рајли преку тесно сценарио кое ги открива најголемите предности и слабости на оваа кралица, од аспект на политичките сплетки, континуираниот страв од опасност. Покрај веќе евидентните опасности, една од поголемите пречки е што Рајли е вљубен во две различни жени…

„Членовите на кралското семејство се бесмртни. Ако убиеш една кралица, тоа ги прави сите останати кралици смртни.“

Желба за крв и страст за престолот, веќе звучи како добра основа за фамилијарно предавство. Мошне свесно расте тензијата предизвикана од менувањето на верската и политичка плима и осека кон крајот на шеснаесеттиот век во Европа, правеќки Елизабета да се соочи со отворен предизвик од страна на шпанскиот крал Филип II, кој е одлучен во намерата да ја врати Англија во католицизмот со својата силна војска на доминација. Во обид да ја одбрани својата империја, Елизабета се бори да ги балансира кралските обврски со сопствената неочекувана ранливост. Сер Волтер Рајли, кој останува забранет за неа, бидејќи таа ги заколна својата душа и тело на нејзината Англија. Можеби една од ретките книги која што е инспирирана од филм, што ја прави повеќе од интересна да се провери.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБакнежот на Ескимите
Следна објаваНа крајот на светот | Sasha Leahovcenko
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР