Две жени се натпреваруваат за срцето на еден човек. Две кралици се борат до смрт за доминација. Ова е нераскажаната приказна на Мери, Кралицата на Шкотите

не’ пречекува Филипа Греогори на својот сајт, под наслов „Другата кралица“. Судејќи по нејзините длабоки историски романи, „Другата Болејн девојка“ и „Белата кралица“, евидентна е забелешката дека и оваа приказна ветува далекусежен ефект, сочувство и откривање на мрачните тајни од минатото. Ова е Kралицата Мери во светло кое досега не сте го виделе. Иако се чини дека Грегори го менува стилот до нијанса поради тонот на трезвесност во овој роман, сепак не изостанува фактот дека ова не е сапунска опера од 16тиот век – ова е прилично сериозна и добро истражена историска фикција за животот на Kралицата Мери во текот на првите неколку години од нејзиниот период во домашен притвор во Англија.

За поголемиот дел од мојот живот јас бев обожувана од будали и омразена од паметници – и сите тие ја сочинуваат приказната за мене во која сум или светица или курва. Но, јас сум многу над овие судови, јас сум кралица“,

вели Мери во стилот на Марија Антоанета на Франција. Бегајќи од бунтовниците во Шкотска под лажно ветување на Kралицата Елизабета дека Англија ќе и биде засолниште, Мери, кралицата на Шкотите завршува како гостин-затвореник на Џорџ Талбот, Eрлот од Шрусбери и неговата сопруга. Наскоро, домот на овој пар станува центар на интриги и бунт против Елизабета, додека обостраната лојалност едни кон други и нивниот суверенитет се доведени во прашање. Ако Мери успее да го заведе Џорџ во сопствената мрежа на предавство и ако големиот шпион Вилијам Сесил ќе ги поврзе со заговорот Мери да остане нелегално затворена, сите тие ќе се соочат со повисока власт…

Богатството не значи ништо, доколку не знаете до последна паричка што е Ваша среќа. Би можете да бидете будала, доколку не сте свесни што имате

– со нараторска перспектива на три ликови, со недостаток од дијалог и акција на моменти го забавува темпото на романот и го одложуваат чувството на итност на дејствијата. Додека расте тензијата во бракот на Талбот, расте и популарноста на Другата кралица, заедно со нејзиното убедевање дека поседува апсолутно право да владее. Доколку уживате во сториите за Тјудорови, независно дали сте ги прочитале останатите делови на серијалот на Грегори, ова е книга за Вас. Но, доколку ова е првата книга по Ваш избор од опусот на Греогори, тогаш подобро да се осврнете на подраматичните и позабавните наслови, отколку од старт да се сконцентрирате на овие страници на кои им недостасува адреналин. Строго напишан во добро подготвена атмосфера, овој агол на приказната нема да Ве разочара.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПатување низ Македонија
Следна објаваФото на денот | Првиот контакт
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР