Од пасионираната љубителка на дескриптивната есенција на историска Англија и авторка на „Другата Болејн девојка“, доаѓа и овој роман чие дејствие е концепирано во 1464 година, кога Елизабет Вудвил неочекувано станува мета на интерес на штотуку крунисаниот крал, во моментот кога таа се среќава со него поради нужната причина да ја бара својата земја назад малку подоцна откако нејзиниот сопруг умира. Преку ноќ, куќата на Јорк се здобива со подржувачи кои до вчера беа верно заколнати на стариот крал Хенри… Симпатична и срамежлива, но истовремено толку силна и храбра, ликот на Елизабет е најдобриот три-димензионален карактер кој Грегори го има создадено.

Тој и вети дека ќе и даде се, како што мажите ветуваат кога се вљубени. Таа му веруваше и покрај се, како што жените веруваат кога се вљубени“.

Од сосема обична поданичка која по сплет на животот останува вдовица на своја млада возраст, станува кралица на Едвард IV, а подоцна и мајка на неговите деца. Уживањето во историската фантастика е неминовно: презентацијата на Англија во зенитот на креаирање на сопствената монархија преку борбата на двајца братучеди. Крв тргнува кон своја крв за да се освои крајната награда – престолот на Англија, години и години пред Тјудорови, кои обете семејства Грегори ги оживува преку драматични и интимни приказни, тајна дипломатија и нескротливи жени. И тоа не само една. Иако во овој случај, акцентот се задржува на Елизабет Вудвил. Или поентирано кажано, Белата кралица. Носителка на исклучителна убавина и амбиција, тајно омажена за новиот крал и горда мајка на двајцата нови принцови на династијата. Двајцата принцови кои се централни фигури во мистеријата која ги збунува историчарите со векови… принцовите кои исчезнуваат од кулата на Лондон, чија судбина сеуште е непозната. Истражувањето на оваа нерешена мистерија ја прави Грегори квалификуван дескриптор на уникатни историски перспективи, беспрекорно врамени со нејзината извонредна нараторска вештина. На моменти, искомбинирана со употреба на магија и алчност.

„Едвард живее како да не постои утре, Ричард како да сака да нема утре, а Џорџ како некој да треба да му го даде „утре“ за бесплатно.“

А каде е тука приказната на белата кралица? Со „Белата кралица“, Филипа Грегори гради уметност и интелект на еден нов автор на една нова ера, ера во која историјата се цели да се заобиколи за сметка на секојдневните здодевни случки, наместо да се велича и да се извлече поента од неа во насока на разотривање сегашни и идни dejavu ситуации. Љубовта која владее во семејството дава еден посебен акцент на чувствителниот, па дури и страствениот агол на самата приказна:

„Птицата пее како да сака да каже дека задовоството е лесно, за оние кои знаат како да уживаат“…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСонет – Гане Тодоровски
Следна објаваПредлог модни комбинации за новогодишната ноќ
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ