000

Во сопственост е на германско семејство, кое долго време сонувало за топла семејна оаза оаза налик на француските рустични куќи. Сместена е во живописниот крај Ampurdán, и е нова градба во форма на буквата ,,L’’, со идилична градина и тераса сместена во внатрешниот агол. За потребите е ангажиран локален тим архитекти, кои замислата на сопствениците ја имаат остварено со комбинација на традиционални стари материјали и модерни техники на конструкција, давајќи и посебен автентичен изглед, со многу комфор и пријатен амбиент при уредувањето на внатрешноста. Ентериерот освојува на прв поглед, почнувајќи од рустикалните дрвени допири и старинскиот мебел, па седо многубројните романтични детали кои креираат бајковита атмосфера. Секое катче е уредено со смирен тон, со неутрални беж тонови и пријатни природни материјали, кои совршено се вклопени со многубројните винтиџ детали и цветниот декор. Вистинска идила од мечтите!

001

002

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

015

016

017

018

019

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТажна фото – приказна која го потресе светот
Следна објаваРетро-модерно | Twist Me Bookcase
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР