01

Со самото тоа што се наоѓа на одлична локација, со прекрасна панорамска глетка на Луберон  и магијата на Јужна Франција, оваа идилична куќа веќе може да го понесе епитетот дом од соништата за многумина. Но, доволно е да се погледне начинот на кој е уреден ентериерот, за да стане јасно дека овој хармоничен дом може да послужи како инспирација во секој поглед. Куќата е стара камена градба, со првобитна површина од 100 м2, која сопственичката во соработка со локални архитекти ја има надградено за уште дополнителни 80 квадрати. Многу топло и пријатно е уредена во внатрешноста, со рустичен шарм, романтичен декор, топли дрвени допири и кокетна колоритна разиграност. Во ентериерот со примамлив кантри стил и груби камени ѕидови кои сведочат за минатото на градбата, неколку бои хармонично се испреплетени во просторот, од беж тонови, интензивна црвена па се’ до виолетова нијанса. Деталите се комбинација со традиционални парчиња мебел и суптилни декорации од пердуви и лаванда – опојниот симбол на Прованса. Мами воздишки и градината, со многу зеленило, пријатни катчиња за седење, базен и чудесни глетки на околните пејсажи. Прекрасно, зар не?

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметност на порцелан | Seletti
Следна објава13-годишно девојче ги воодушеви судиите на „X Factor Adria“
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

1 коментар

Comments are closed.