0

Долговековната традиција на Европа и орнаменталниот дух на Азија, во деликатен спој пренесен на уметнички сет чинии и шолји. Три мали сада, три чинии, три мали чинии, три шолјички за чај, три за кафе и сад за салата ја сочинуваат импресивната колекција, креирана од дизајнерското студио CtrlZak за италијанскиот бренд Seletti. Користејќи порцелан како основа, и еклектични цртежи аплицирани на него, изработен е прекрасен артистички декор за масата. Изработките се многу сложени, а идејата е да се нагласи белината на материјалот, преку истенчената нитка помеѓу Истокот и Западот на цртежите. Првата цел е постигната со користење на тенок порцелан како материјал, а втората со нанесување живи бои, на начин на кој најумешно ќе се спојат европските и азиските мотиви. Секој предмет е поделен на две целини, за што подобро да се нагласи, па затоа и самиот сет симболично го носи називот ,,Hybrid “. Креативна, уметничка и декоративна колекција, која со сигурност претставува еден најоригиналните сетови чинии и шолји некогаш се направени….

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Дијагонала
Следна објаваКантри куќа за одмор
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР