Една фотографија пренесува илјада зборови, а благодарение на Andrew Birkin, брат на британската актерка Jane Birkin, денес Ви претставуваме фотографии од познати двојки, кои говорат погласно од сите таблоиди, биографии и интервјуа. Љубов, доверба, почит, взаемно надополнување… и познатите луѓе се само луѓе со потреба да сакаат и да бидат сакани. Овие фотографии се доказ за тоа.

Serge Gainsbourg и Jane Birkin

Serge Gainsbourg And Jane Birkin

Gainsbourg беше маѓепсан од страна на младата Jane и нивната љубов траеше повеќе од една деценија. Тие ја воодушевуваа публиката со своите филмски и музички соработки – песната „Je t’aime… moi non plus” се смета за најголем белег на нивната соработка.

Paul Newman и Joanne Woodward

52

Оваа романтична фотографија е направена за време на снимањето на „A New Kind of Love“ во 1963 година, кога Paul и Joanne веќе беа во брак. Тие се појавија во 11 играни филмови и нивниот брак траеше 50 години се до смртта на Newman во 2008 година. Фотографијата беше искористена и како постер за 66 – от Кански филмски фестивал.

Elizabeth Taylor и Richard Burton

53

Една од контроверзните двојки во филмската историја. Фотографија направена за време на снимањето на „The Sandpiper“ во 1965 година кога нивниот однос стана тема на сите таблоиди бидејќи во тоа време и двајцата сеуште беа во брак.

Humphrey Bogart и Lauren Bacall

54

Две познати холивудски икони поврзани со највозвишеното чувство – љубовта. Фотографија направена во 1945 година која говори за врска полна со взаемна почит и разбирање.

Marilyn Monroe и Arthur Miller

55

Различни во карактер и темперамент, нивната врска изгледаше невозможна, но љубовта вирее и на најнеочекуваните места. Фотографија направена во 1957 година.

Bonnie Parker и Clyde Barrow

56

Нивната врска беше следена со убивства, киднапирање, кражба и разбојништво, но тие беа заедно во сето тоа. Оваа фотографија ја доловува љубовта на младите одметници.

Spencer Tracy и Katharine Hepburn

57

Нивната професионална и интимна врска траеше 25 години. Започнаа љубовна врска додека Tracy беше сеуште во брак, што не и пречеше на независната Hepburn. Иако Tracy страдаше од алкохолизам и депресија, Hepburn беше покрај него и во најлошите моменти.

Douglas Fairbanks и Mary Pickford

douglas fairbanks sr & mary pickford at pickfair 1923

Фотографија направена во 1923 година во нивниот дом на Беверли Хилс, кој е опишан како „место за забава на важните личности“.

John Lennon и Yoko Ono

60

Фотографија направена за време на медениот месец на двојката која совршено го доловува нивниот слободен дух, хумор и ексцентричност.

Kurt Cobain и Courtney Love

61

Фотографија полна со нежност, искреност и израз на љубов. Зар е потребно нешто друго?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМистичен амбиент | Old library, St. John’s College
Следна објаваФантастични погледи | Thomas Schller
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР