Францускиот град Auvers-Sur-Oise од неодамна важи за еден од најпосакуваните дестанации за читателите ширум светот. Зошто е тоа така ќе Ви докажат фотографиите на кои се наоѓа еден стар воз кој одамна е вон употреба, но истовремено ја доживува својата втора намена во функција на книжарница. Исполнет до врв со книги од најразличен жанр, од најразлични времиња и краци на светот – спектарот на наслови оддава чувство дека читателот-посетител се наоѓа во своевидна земја на чудата, недопрена од просторот и времето. Особено е важен моментот на патувачки амбиент во возот, каде секој кој влегува во истиот, всушност го започнува своето книжевно патување..