Hans Eworth е роден во 1520 година. Oд 1945 година тој живее во Англија се до крајот на својот живот, се до 1974 година. Во 1569 година тој ја слика „Elizabeth I and the Three Goddesses“ (Елизабета I и трите божици) во чест на Елизабета I, кралицата на Англија (1533-1603). Насликана со масло на платно, со големина од 62,9 х 84,4 сm таа и денес се наоѓа во својата оригинална рамка на која стои натписот: `IVNO POTENS SCEPTRIS ET MENTIS ACVMINE PALLAS / ETROSEO VENERIS FVLGET IN ORE DECVS / ADFVIT ELIZABETH IVNO PERCVLSA REFVGIT OBSVPVIT PALLAS ERVBVITQ VENVS’ што во превод би значело: „Палас беше божица на умот, Јуно беше божица на силата/ Лицето на Венера зрачеше со убавина/ Елизабет тогаш дојде и разоткриена божицата Јуно се заврте да си оди/ Палас не рече ништо: Венера се зацрвени од срам.“

12

За оваа слика се знае дека и припаѓала лично на Елизабет I, бидејќи еден посетител Baron Waldstein ја забележал во Withehall Palace во 1600 година. Уметникот направил поделба во самата слика, од левата страна е отсликан реалниот свет, а од десната е претставен светот на божиците. Ова е почеток на користењето на класичната митологија во илустрирањето на убавината и суверенитетот на младата кралица. Во оваа слика е претставена приказната за „Пресудата на Парис“ само што сега Елизабета I е испратена да избере меѓу Juno, Venus и Pallas – Minerva кои се засенети од страна на кралицата и нејзината круна и моќ. Зградата во позадина според многу историчари е замокот Windsor.

13

12

12

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКнижарница во катедрала | Broerenkerk, Амстердам
Следна објаваФото на денот | Дождлив Париз
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР