Во внатрешноста на Broerenkerk, позната катедрала којашто е лоцирана во Zwolle, Amsterdam ќе наидете на вистинско изненадување – заедно со елегантниот готски ентериер на светата градба е сместена современа книжарница. Waanders In de Broeren е името на книжарницата, за која постојат поделени мислења дека нејзиното поставување внатре во катедралата важи за осквернавување на местото. Но, всушност и дизајнот и намената на книжарницата се усогласени во оригиналната архитектура и ентериер на катедралата. Дизајн-тимот BK Architecten којшто работеше на реновирање на црквата, вели дека на тој начин го зачувува културното наследство на Амстердам.

Поголемиот дел од книжарницата е поставен странично на катедралата, оградена по стараните со мермерни столбови каде посетителите може да пристапат до горните три спрата од книжарницата преку симетричната централна патека.

1

2

3

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВраќање во минатото
Следна објаваЕлизабета I и трите божици | Hans Eworth
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР