На прв поглед, оправдан е ставот дека мачките се крајно мрзеливи, но неверојатно итри суштества. Веќе заклучивме дека честопати може да бидат пронајдени во библиотеките, да бидат забележани како читатели – но, Kuzya од Русија дефинитивно е различна од сите примери севкупно. Откако скитнички налетува на Novorossiysk Library, таа го импресионира персоналот во библиотеката со својата симпатична привлечност при што истите дозволуваат да остане. Во насока на добивање нов дом, Kuzya ги доби и потребните вакцини и лична карта. И машничка околу врат!

Не само што Kuzya најде дом во библиотека, туку пронајде и работа: должејќи на нејзината популарност со персоналот и посетителите, наскоро беше унапредена во „асистент библиотекар“ со плат на екстра бонус во форма на храна за мачки. Иако редењето книги и давањето препораки не е силна страна на Kuzya, таа ужива во обезбедување на просторот од глувци и инсекти, како и дружење со читатели (каде патем дозволува на сите да ја погалат) и одвреме-навреме учествува во театарските престави кои библиотеката ги организира. Ова видео ќе ги потврди сите информации.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР