Вчера, во 11 часот во куќата на Уранија и Робевци се одржа изложба на уметник од виенскиот југендстил на Балканот, насловена „Сеќавања за Првата светска војна“. Леополд Форстнер ја претставил архитектурата и впечатливите фолклорни обележја кои го привлекле неговото внимание. Како најчести мотиви се забележуваа верските храмови, народните носии и традиционалните куќи на тогашното секојдневие. Во 1914-тата, овој уметник за кратко време ја запознал културата на повеќето балкански земји, како Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.

Леополд Форстнер е еден од најпознатите претставници на виенскиот југендстил. За жал, неговата работа како сликар, дизајнер и графичар била прекината од Првата светска војна, но сепак продолжил да работи на Балканот, кому му посветува повеќе од 100 цртежи со молив во голем формат и околу 50 фотографии.

1

Леополд Форстнер се истакна и како добар мозаичар, како што можете да видите погоре.

Неговата работа на Балканот можете да ја погледнете на следните две изложби, прво во Битола, а потоа во Скопје.

По изложбата, во 12 часот, настапи познатата македонско-австиска пијанистка, Елена Мисиркова, која во 2007 стана Амбасадор на културата на Р. Македонија во Австрија. Гостите ја имаа честа да уживаат во нејзиното матине, кое се одржа во црквата св. Софија.

2

СПОДЕЛИ
Претходна објаваАсистент-библиотекар | Kuzya во Novorossiysk Library, Русија
Следна објаваШик фризури со плетенки
Најмладиот член на семејството кое ја создава креативната страна на животот нуди нова перцепција на авантуристичкиот дух кој цели кон откривање на креативитетот низ сите агли на Земјата. Со изострен вкус посветен на седмата уметност, со мелодична селекција и мотивациона природа се труди да ги доближи вредностите на неконвенционалниот стил на живот до помладата публика.

НЕМА КОМЕНТАРИ