Во 1924 година, Хачико беше донесен во Токио од страна на неговиот сопственик, Hidesaburō Ueno, професор на катедрата за агрикултура на Универзитетот во Токио. Во текот на животот на сопственикот, Хачико секој ден го испраќаше од влезната врата на нивниот дом па се’ до железничката станица, каде што професорот секој ден се качуваше во воз за да стигне на работа. Миленикот и сопственикот, како пар, продолжија со нивната дневна рутина се’ до мај, 1925 година, кога професорот Ueno не се врати со вообичаениот воз вечерта. Имено, професорот страдаше од cerebral hemorrhage и имаше напад на работа тој ден. Починал веднаш и никогаш не се вратил на старото место, на железничката станица, каде што го чекал неговиот најдобар пријател. Неговата лојалност продолжила во наредните 9 години, додека тој чекал во вообичаеното време секој ден, меѓу толпата луѓе. Но, професорот никогаш повеќе не се појавил…

.1.

Хачико бил даден кратко по смртта на неговиот сопственик, но тој упорно и упорно бегал од новиот дом и упорно се појавувал во стариот – но, со тек на време, Хачико сфатил дека стариот професор веќе не живее таму. Па, повторно се упатил на железничката станица за да го почека, исто како порано. Секој ден, Хачико чекал за професорот да се врати. И секој ден не успевал да го забележи меѓу патниците кои слегувале на таа станица…

Постојаното раководство на железничката станица го забележува Хачико поради континуираното привлекување внимание од патниците на станицата: многу од нив веќе ги имале видено професорот и кучето заедно и многу од нив слушнале за тажниот крај на нивното пријателство. Разнежнети од верноста на Хачико, тие му носеле храна и го галеле додека тој чекал. Додека чекал 9 години.

Последната година, еден од надежните студенти на професорот кој истражувал за Akita, расата на Хачико; дошол на станицата и го видел Хачико, којшто го следел до домот на Kobayashi, поранешниот градинар на професорот. Кај него, студенот дознал се’ за животот на неговиот професор и неговиот миленик. Кратко по овој состанок, сега веќе дипломираниот студент објавил документарна емисија за Akita кучињата во Јапонија. Неговото истражување запазило само 30 чистокрвни akita кучиња, меѓу кои и Хачико, кучето од станицата.

Поранешниот студент на професорот продолжил да го посетува Хачико и континуирано да објавува написи за неговата исклучителна верност – во 1932 година, еден од неговите написи достигнува објавување во најголемиот весник во Токио, што практично го носи Хачико на врвот од интерес на јапонското јавно мислење. Хачико станува национална сензација. Неговата искрена лојалност и љубов кон неговиот сопственик и сеќавањето кон него ги импресионира Јапонците во смисла на семејната истрајност кон која секој треба да се стреми. Професори и родители почнуваат да го користат Хачико како пример за децата, додека еден познат јапонски уметник создава скулптура на Хачико каде што државата развива нова свест за расата Akita. Истата подоцна станува национален симбол.

Хачико умира на 8ми март, 1935 година. Пронајден на железничната станица, со инфекција од кучешка тенија пронајдена во неговиот стомак. Неговите мошти се наоѓаат во National museum of Japan, во Токио.

Конекцијата којашто луѓето ја имаат со животните во минатите години, децении, векови; е вистинска, реална бидејќи обострано се дели една неверојатна и несебична пријателска врска којашто ниту една движечка сила на светов не може да ја замени. Ниту да се спореди со неа. Љубовта и верноста кои се развиваат во текот на таа врска се базирани на потребата од искреност и разбирање – дури и кога и двете страни ќе се најдат себеси во конфликт, болка или заминување. Не без причина се вели дека што човек повеќе ги запознава луѓето, толку повеќе ги сака животните. Но, не престанува да биде човек. Приказната за Хачико не само што ја потресе Јапонија како земја на нејзино потекло, туку ги восхити и растажи сите жители на планетата Земја, оставајќи ги со едно круцијално прашање во нивните глави: дали професорот би го направил истото за својот миленик?

Дали и Вие би му вратиле на Вашиот миленик со иста мера?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОгромно девојче на ѕид | Natalia Rak
Следна објаваОдраз на фантазијата | Kylli Sparre
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР