СТРАВОТ – нова книга на Коста Петров 

Битката на Вашиот вистински живот!  

 Наскоро во продажба новата книга на Коста Петров, „Стравот“ која е тематско продолжение на неговата прва книга „Се гледаме на врвот”. „Стравот“ е книга за психолошката битка во секој од нас, приказот, соочувањето и победување.

„Во првата книга „Се гледаме на врвот“ се откриваат тајните на успехот, каде стравот како тема е само начнат, како една од пречките кон успехот. Затоа беше сосема природно оваа чудовишна и неоснована емоција што е наша пречка во секојдневното себереализирање да добие свое четиво. „Стравот“ е повеќе од книга, тоа е повик за будење и повик на битка со нашиот најголем непријател, нашето его и неговата најмоќна алатка – Стравот“, вели авторот Коста Петров за својата втора книга.

Авторот Петров на прекрасен начин, едноставно и реално, а сепак суштински, ја прикажува психолошката битка во секој еден од нас. Битката која секој од нас треба да ја добие, за да можеме да го живееме сето она што Универзумот го подготвил за нас…

Петров користи јасен говор, сликовит, едноставен но енергичен јазик, со поткован активизам со што го поттикнува на избор и на храбро делување.

РАЗБУДИ СЕ! Еден ден кога веќе нема да бидеш на оваа земја и кога ќе треба да се сретнеш со креаторот, тој нема да те праша зошто не живееше како мене, или зошто не живееше како Мојсеј или како Робин Шарма. Тој ќе те праша: „Зошто не го живееше животот што требаше да го живееш?”. Токму поради ова твоја морална одговорност е да го победиш стравот! Подготвени?” – извадок од книгата

И овој пат, авторот несебично преку своето животно искуство, своите мисли, чувства и емоции ни го открива патот до успехот.

Книгата „Стравот” паралелно со своето печатено издание доживува и филмска адаптација, документарен филм во кој неколку наши македонски јавни личности, преку сопствените доживувања и емоции, плач и смеа ја отсликуваат нивната животна приказна за битката со стравот.

 

 

Стравот“ е во издание на издавачкиот центар „ТРИ”, помоцијата на книгата ќе се одржи во понеделник, 23ти септември во 18.00 часот пред книжарница ТРИ во ГТЦ во Скопје.  Промоцијата на документарниот филм снимен според книгата е закажана за почетокот на октомври.

 

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВедрина и оптимизам во 60м2
Следна објава#Bucketlist | Онлајн кампања
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР