Внимание библиофили: Токио и Париз се Вашите градови за одмор! The World Cities Cultural Report известува дека Токио има зачудувачки број на книжарници, додека Париз е број 1 по бројот на библиотеки.

1675 книжарници во еден град, затоа наш совет е да почнете да учите јапонски – ако уживате во шопинг на книги, тогаш Токио е како измислен за Вас. Повеќе од 12 земји спаѓаат во ова истражување, каде истото го споредува културниот живот во неколку главни градови на светско ниво – ако го пронаоѓате Вашето задоволство во библиотека, тогаш Париз е врвот со бројка од 830, додека веднаш позади него се наоѓа Њујорк со 220 библиотеки. Неодамнешниот The World Cities Cultural Report ги испитува културните придонеси од 12 светски метрополи, каде како причинител се користеле повеќе од 60 мерки на културна активност (број на музеи, посетеност од странци, кино продажба на билети, процент од јавен зелен простор и број на УНЕСКО проекти за светско наследство), се’ со цел да се потенцираат доблестите и мааните на секој еден од градовите.

Доколку сте во потрага по жива рок музика, тогаш повторно првото место припаѓа на Париз. Живеете за театар? Во тој случај, правец на Бродвеј во Њујорк. Ако Вашиот избор е комедија, Лондон е градот со најмногу стенд-ап настапи кои ќе Ве насмеат до солзи; додека Истанбул е центарот на културното наследство. Зелениот простор преовладува во Сингапур. Пасионираните вљубеници во уметноста ќе заглават во галериите на Шангај, кој број најмногу национални музеи. Гурманите и библиофилите веќе ги упативме во Токио, градот со најмногу ресторани и книжарници, каде за крај, доколку сакате да танцувате во долгите ноќи, повелете на самба во Сао Паоло…

Иако оваа објава највеќе се задржува во полето на литературата, мора да се напомене дека половина од градовите затекнати во ова истражување имаат помалку од 200 библиотеки, додека во однос на книжарниците – Лондон брои 800, Сао Паоло 870, Јоханесбург повеќе од 1000, а Шангај има неверојатни 1322 книжарници. Се разбира, оваа студија третира сурови бројки и сериозен ранг, но истовремено сугерира дека културата е важна за благосостојбата на еден голем град, рамо до рамо со финансиите и трговијата. „Културата во сета своја различност е централна тема во она што го прави градот привлечен за образовани луѓе, а патем со тоа атрактивен за бизниси кои понатаму ќе отворат нови вработувања“, се наведува во извештајот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВтор дел | Глобална улична мода
Следна објаваМистични фотографии на девојки со диви животни | Katerina Plotnikova
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР