1

На медитеранскиот остров препознатлив по богатата историја и неверојатните архитектонски градби, хотелскиот комплекс Capri Tiberio Palace се издвојува како идеално место за доживување на неговата магија. Лоциран е во најживиот дел на Капри, а притоа извишен доволно високо за да може да се ужива во идиличните панорамски глетки на морето. Хотелот е реставрирана вила од 19-тиот век, со внатрешност уредена во модерен стил, што создава интересен и необичен контраст со традиционалната старинска градба на екстериерот. Деталите и декорот се внимателно избрани да се вклопат со духот и атмосферата на италијанското островско гратче, а ентериерот буквално изнудува воздишки со својата оригиналност. Секој простор е со уникатен дизајн, а секоја соба  поинаква од останатите,  па така, од 60-те соби, меѓу кои и 17 апартмани со кои располага, во сите може да се сретне различна инспирација и избор на тема, со извонредна палета на бои, материјали, мотиви и автентичен декор. Кокетно, ентериерот води на стилизирано патување низ фантастичниот морски свет и ретро шармот на 50-тите години, во несекојдневно убаво спакуваната шик целина со луксузни допири и колоритни акценти. Магичното доживување на островската бајка завршува на терасата издигната на самиот кров, на која задоволството ја доживува својата кулминација.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

30

31

32

33

34

35

36

37

38

39

40

41

42

43

44

45

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако се прави фотографија за време на немири?
Следна објаваПенелоп и Моника Круз за Agent Provocateur
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР