На југот од Шпанија, обвиен во убавините, раскошот и магијата на Андалузија, сместен е комплексот Puente Romano – вистински рај за вљубениците во егзотиката. На едно место обединето е  најдоброто што сончевиот шпански брег Коста дел Сол има да го понуди, со чудесен дизајн со кој оддава впечаток на традиционално андалузиско село. Со мноштвото содржини и живописната локација, самиот по себе претставува дестинација која со денови може да се истражува, а притоа да се осознае само дел од се’ она што има да го понуди. Близу триста луксузно екипирани соби и апартмани, седум  идилични ресторани и барови со различни теми, терени за голф и тенис, бесконечни базени, приватна рајска плажа, спа и фитнес центри, бањи и уште безброј други погодности ја прават посебна и единствена оваа неверојатна хотелска бајка со 5 ѕвезди. Ентериерот е елегантен, раскошен и лукзузен, со функционалност и комфор кои гарантираат уживање и безгранични задоволства, а надворешноста мами воздишки со убавината на тропските пејзажи и хармонично уреденото опкружување.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

17

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

24

25

26

27

28

29

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Лента за коса
Следна објаваКаде што убавината започнува
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР