Експеримент каде што научниците оставиле скала во средината на кафезот и поставиле банани на повисоките скалила. Секогаш кога мајмуните ќе се обиделе да стигнат до бананите, научниците истурале студена вода врз нив. По некое време, мајмуните ја воочиле врската помеѓу бананите и студената вода – тие се откажале од храната и секој нареден пат кога еден од нив ќе се обидел да стигне до неа, го оттргнувале од целта.

Тогаш научниците извадиле еден од мајмуните и донеле нов мајмун во кафезот. Новодојдениот, немал поим за студената вода, па храбро тргнал кон бананите… и завршил брутално претепан од останатите 5 мајмуни. По оваа случка, тој ја сфатил поврзаноста помеѓу бананите и болката. Тој се откажал од бананите.

Потоа, научните повторно извадиле еден од старите мајмуни во кафезот и донеле нов. Предходникот на новиот, се приклучил во тепачката бидејќи таквиот однос му бил познат. Научните продолжиле да ги менуваат сите стари мајмуни со нови, се’ до моментот кога сите од нив се нови. Тие не знаат за студената вода, но заедницата познава една традиција: тепачка кон сите мајмуни кои што ќе се обидат да стигнат до бананата…

Ова е начин каде што една култура во една заедница се развива и одржува – можете да зборувате, да се облекувате или да се однесувате на одреден начин; само затоа што сите останати мајмуни го прават истото. Ако не го правите горенаведеното, нема да добиете банана, ќе бидете блокирани, ќе Ве критикуваат и ќе се обидат да Ве уништат… а најлошото од се’ е, што и самите не знаат зошто.

Секој ден, ние донесуваме многу одлуки. Дали истите ги обликуваме преку нашите искуства или традициите на нашите предходници, кои одамна ги изгубија своите причини?

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР