Trois Petits Chats (Три мали мачки) е приказна за семејство мачиња, каде мајката починува и таткото заедно со ќерката и синчето се приморани да живеат без неа. Ручек, криенка или приказна пред спиење – се одвива без најважната четвртина од целото. Се’ до моментот кога работите се влошуваат… Дизајнот на ликовите се базира врз Pipos куклите, додека сета нивна симпатичност е во прв план, животот не се состои само од рози.

Овој краток анимиран филм е добитник на награда за најдобар студентски краток филм на Effets Stars 2013 фестивалот, каде режисерот всушност, е група на колеги: Benoît Delaunay, Albane Hertault Lacoste, Maïwenn le Borgne и Alexia Provoost.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваThe Free Little Library | Проект во Њујорк
Следна објаваНаправи сам | Летна марама
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР