На 224тата годишнина од заземањето на познатиот париски затвор Бастилја, кој помогна да се демонтира репресивната мохархија во Франција (особено добро опишан во „Мадам Тисо“), обележана заедно со падот на кралот Луј XXI и кралицата Марија Антоанета, запечатена во француската историја. Иако не сме во можност да танцуваме долж Шанзелизе или со насмевка да јадеме macaroon колачиња, односно, да трепериме пред  Норт Дам; но, сепак сакаме да ја шириме магијата на Париз – ќе направиме еден скок до книжевното минато во потрага по елоквентни и восхитени зборови од најпознатите писатели кои го слават градот на светлината. Еве како изгледа француската метропола изречена во искуствата и делата на помалку или повеќе значајните литературни имиња на сите времиња:

„Ако сте доволно среќни да живеете во Париз како млад човек, а потоа, каде и да одите во остатокот од Вашиот живот, тој останува со Вас. Париз е подвижен празник.“
– Ернест Хемингвеј

„Постојат само две места каде што можеме да живееме среќни: дома и во Париз.“
– Чарлс Дикенс

„Париз е единственото место каде што дури и гладувањето до смрт се смета за уметност.“
– Карлос Руиз Зафон

„Ми се допаѓа Ајфеловата кула затоа што изгледа како спој на челик и чипка.“
– Натали Лојд

„Париз е најголемиот храм што некогаш бил изграден врз материјалните радости и страст на очите.“
– Оноре де Балзак

„Кој не го посетува Париз редовно, никогаш навистина нема да биде елегантен.“
– Виктор Иго

„Да згрешиш е човечки. Да безделничиш е париски“.
– Оскар Вајлд

„Париз е тешко да се напушти, па дури и кога врне постојано и Вие континуирано кашлате од влагата.“
– Хериет Бечер Стоув

„Конечно дојдов во Ветената земја. Париз.“
– Кетрин Ен Портер

„Париз ги сака сите кои се способни да живеат анархично и да уживаат во прекрасната забава, истовремено.“
– Хенри Милер

„Кога пролетта доаѓа во Париз, најпонизните живи суштства  мора да се чувствуваат дека живеат во рајот“.
– Гастон Леро

„Понекогаш мислам на Париз не како на град, туку како на дом. Со огради, завеси, скриен и интимен. Звукот на дождот низ прозорецот, духот и телото свртени кон интимност, за пријателствата и љубовта. Уште еден затворен и интимен ден за пријатество и љубов, за чајанка. Париз, интимен како една соба. Пет до седум беше магија за час по состаноци за љубовници. Тука е време за коктели.“
– Кетрин Менсфилд

„Ќе одам да уживам во Париз каков што го знам. Толку е човечки и толку е благороден, како град… тоа е вистински град, стар и прекрасен како што животот игра во него, за сите да видат.“
– Едмунд Вајт

„Во Париз, кога Бог ќе остави убава жена на улиците – Ѓаволот како одговор, веднаш поставува будала за да ја задржи.“
– Жил Амеди Барби Д’Ауревил

„Вие не можете да избегате од минатото во Париз, а сепак она што е толку прекрасно во него е тоа што минатото и сегашноста се мешаат толку впечатливо без да бидат на товар.“
-Александар Дима

„Дојдов во Париз со четири еки во џебот и се борев со секој ден кој ми рече дека не сум во состојба да го купам Лувр“.
– Жан Кокто

„Уметникот нема дом во Европа, освен во Париз“.
-Фридрих Ниче

„Целината на Париз е огромен универзитет за уметност, литература и музика… вреди за секого што е тука со години или на поминување. Париз е семинар, пост-дипломски курс по Се’“.
– Џејмс Трубер

„Надвор од Париз, не постои надеж за култивирање“.
– Молиер

„Најдоброто од Америка се носи во Париз. Американецот во Париз е најдобар Американец. Повеќе од забавно е еден интелигентен човек да живее во интелигентна земја. Франција има само две нешта кон кои ние тежнееме како што старееме – интелигенција и добри манири.“
– Ф. Скот Фицџералд

„Градовите имаат пол: Лондон е маж, Париз е жена, додека Њујорк важи за добро прилагоден трансексуалец.“
– Ангела Картер

„Париз е силен учител, голем просветител на провинцискиот интелект.“
-Франсоа Вилон

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБела елеганција на Миконос | Mina 1 & 2
Следна објаваПрепознатливи автомобили од филмовите
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР