Овој цртеж е еден од ние кој може да ве направи познати насекаде. Дело е на познатиот холандски уметник Ramon Bruin, 31 – годишен талентиран слободен уметник, кој дипломирал на Airbrush Аcademy во Холандија. Покрај големата страст за “airbrush” техниката, тој исто така чувствува страст кон боите. Со искуство во различни техники и повеќе материјали, како акрил, водени бои, јаглен, пенкала, моливи и графит, создава уникатни уметнички дела со несекојдневна визија.
Рамон Бруин е секогаш оној кој самиот ги поместува своите граници. Употребата на повеќе стилови и техники кај него резултира со широка варијација во уметноста, од модерен експресионизам до “kick-ass airbrush” дизајни, и од “photorealism” до “3d” оптичка илузија на цртежи. Со големо око за детали и остра употреба на бои, Рамон може да се справи со било кој дизајн.