Доцна во вечерта се движам по тротоарот на една споредна уличка… Дождот ја накиснал мојата облека, улиците празни, прозорците темни, скоро никој во моите мисли, освен јас и тишината. Зашто ли ми треба толку време да заборавам тоа на тоа што најмалку сакам да се сеќавам?

-„ Можеби затоа што сеуште сакаш да е дел од тебе, можеби велиш дека не сакаш, ама сепак можеби дека има уште некоја мала cитница на која се надеваш …“

Ќе научиш дека нешто вистински сакаш кога имаш илјада причини за да си одиш, а ти бараш една за да останеш и да се бориш. И кога ќе сакаш од нешто да се откажеш, помисли што те натерало да почнеш и тоа што те натерало да издржиш до сега! Знаеш пријателе… времето не ги лечи раните, туку не’ учи како да живееме со нив. На крајот од улицата јас сретнав просјак – немав ништо во мене, освен една топла кифла која ја купив од една фурна која работеше до доцна во ноќта. Скршив пола од кифлата и му ја подадов на човекот кој седеше накиснат на дождот. Ме запраша „имаш ли малку време да ти раскажам нешто, но прво да те прашам дали си видел  една девојка со костенлива долга коса, со кафени очи, висока, слаба!?“.

Просјакот продолжи –  „Ма, и на другите да не им е убава, јас кога последен пат ја видов ми беше најубавото нешто што некогаш сум го видел во мојот живот. Некои се радуваат на пари, на подароци, на луксузни одмори, на автомобили… Јас пријателе се радував на неа и се што беше поврзано со неа! Ја сретнав случајно.. Порано имав и фамилија и дом, сега немам ништо… Да ти раскажам што се случи со мојата фамилија!? Подобро не, нека остане тоа таму кај што времето запре, знаеш… срцето понекогаш те тера да заборавиш на се’, а ти па, како за инат  паметиш се’ во детали. Јас немав деца, немав жена. Израснат сум само со мојата мајка која е почината… Се преселив во друг град, не за друго, за да ја најдам љубовта на мојот живот. Имаше една девојка која секое утро ми оставаше по една топла кифла и по некој денар, никогаш не прозборуваше – само ќе се насмевнеше, ќе ѝ светнеа убавите бели заби, ќе ѝ заблескаа очите. И си заминуваше. Јас имав голема брада, не бев потстрижан, немав услови за да изгледам подобро отколку што ме гледаш сега во моментов. Ги имав најубавите денови со неа, секоја болка знаеше да ми ја направи толку безболна, како да чувствував да зема дел од неа, а секоја среќа  ме научи да ја ценам – не како голем дијамант, туку како мало камче и секогаш ќе ми речеше „луѓето не се сопнуваат на големи камења, туку на мали камчиња… затоа научи да ги цениш малите работи“. А ете, како што гледаш твојата кифла е повеќе од голем подарок за мене дека ке ми даде енергија за да ја издржам оваа студена вечер. Се молев секоја вечер за неа да ми биде жива и здрава,  среќна и весела како што сакав да ја гледам. Непосредно подоцна и открија дека е болна од болест за која мора да замине во странство. Јас немав ништо освен еден еднособен стан кој ми беше останат од мојата мајка. Се решив, ѝ кажав јас морам да заминам и дека не знам дали повторно ќе се видиме, но можеби некогаш пак судбината ќе не спои, а таа ми рече “Не се баравме, а се најдовме… а вака веке најдени, повторно да се бараме!?”

-Морав да заминам, ја прегрнав и ѝ кажав збогум. Девојката која ми оставаше секое утро по една топла кифла, по некоја паричка беше онаа истата за која јас го продадов единствениот покрив над глава за да ѝ го спасам животот, а таа не знаеше од каде тие пари се појавија под нејзиното чергиче.  После десет години, кога повторно ја здогледав… јас бев сиромашен просјак со искинати панталони, испукани боси нозе, капа и густа брада. Едноставно знаев дека не сум достоен да ѝ прозборам на една дама која имаше сопруг, две деца и среќна фамилија. Решив цел живот да бидам просјак и да спијам под отворено небо, бидејки таа ми беше се’, моето небо, мојот свет.

В. Г.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодна ревија со Google
Следна објаваФото на денот | Како да заврзеш чевли?
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР