Лондон и Њујорк; два града, фундаментално различни, а сепак толку неверојатно слични. Што се случува кога најфотографираните градови во светот се појавуваат во една фотографија? Daniella Zalcman преку својот проект насловен „Њујорк + Лондон“ ни го дава точниот одговор.

Daniella Zalcman е наградуван фото новинар. Таа од Њујорк се преселува во Лондон со желба да понесе со себе парче од својот сакан Њујорк во Лондон, нејзиниот нов дом. Токму таа желба се јавува како мотив за идејата за овој проект.

„Њујорк + Лондон“ е двојна изложеност на серија од 100 фотографии, брилијантно споени познати места од Њујорк и Лондон во еден нов унифициран градски пејзаж.

  • „Тие се моите омилени места и според мое мислење, тие се едни од најфотогеничните градови во светот.“

1 2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

Велат каде и да одиме со себе носиме дел од нашиот дом, Daniella Zalcman совршено го претставува тоа. Парче од секојдневниот живот на Њујорк го носи заедно со неа во улиците на Лондон како нејзин личен фотографски сувенир. Нејзините фотографии се сведоци на урбаната љубовна врска од трансатлански димензии. Прекрасно.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДом на остварените соништа
Следна објаваНесекојдневно видео за Blown Minded
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР