Дали Google Maps може да се претвори во „фотограф“ кој создава импресивни фотографии? Одговорот на ова прашање го дава David Thomas Smith, кој ни дава можност да погледнеме на светот од горе во поинакво светло, служејќи се со технологијата. Серијата фотографии, направени преку Google Maps е насловена како „Anthropocene“, каде што тој гo менува веќе сменетиот изглед на Земјината топка, истовремено потенцирајќи го влијанието што човекот го има врз природата и способноста и моќта да го обликуваме лицето на Земјата.

Smith внимателно ги одбира местата претставени во неговата работа, врз основа на новната социјална, економска и политичка важност во светот, како и согласно нивната естетска вредност. Вклучени се центри на глобалниот капитализам, поврзани со индустрии како нафта, благородни метали, културни центри… кои се трансформирани во симетрични пејсажи, замисли на Smith.

Илјадници делови извлечени од Google Maps, совршено споени во еден пакет, создаваат една целина која изгледа прекрасно. Smith дигитално го менува изгледот на Земјата, со цел да се размисли за комплексните инфраструктури кои ги менуваат природниот изглед, барајќи од секој поединец да си ја преиспита сопствената позиција и улога во рамките на светот.

2

THREE MILE ISLAND GENERATING STATION, MIDDLETOWN, PENNSYLVANIA, UNITED STATES OF AMERICA 2010-11

3

BIOSPHERE 2, ORACLE, ARIZONA, UNITED STATES OF AMERICA 2010-11

4

THREE GORGES DAM, SANDOUPING, YILING, HUBEI, PEOPLE’S REPUBLIC OF CHINA 2010-11

5

SILICON VALLEY, CALIFORNIA, UNITED STATES OF AMERICA 2009-10

6

BEIJING INTERNATIONAL AIRPORT, BEIJING, PEOPLE’S REPUBLIC OF CHINA, 2009-10

7

1000 CHRYSLER DR, AUBURN HILLS, MI, UNITED STATES 2009-10

8

MALL OF AMERICA, EAST BROADWAY, BLOOMINGTON, MINNESOTA, UNITED STATES

9

LAS NORIAS DE DAZA, ALMERIA, SPAIN 2009-10

10

LAS VEGAS, NEVADA, UNITED STATES OF AMERICA 2009-10

11

BURJ DUBAI, DUBAI, UNITED ARAB EMIRATES, 2009-10

12

FIMISTON OPEN PIT, KALGOORLIE-BOULDER, WESTERN AUSTRALIA, AUSTRALIA, 2009-10

13

DELTA COAL PORT, VANCOUVER, BRITISH COLUMBIA, CANADA, 2009-10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБетмен кацига
Следна објаваПролетни трендови за коса
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР