Во најубавиот период од животот, создаден за првата љубов и за поставување параметри за себе како личност способна да љуби и биде љубена – авторката на „Ќерката на мојата најдобра пријателка“ и „Колачиња за појадок“ излегува во пресрет на апетитот на нејзините читатели со еден трагичен настан, сместен во најмрачната ноќ од животите на две девојки, кој ќе ги прогонува во следните 20 години. Ве предизвикуваме да ја оставите оваа книга за да јадете или спиете. Комплексна сторија за манипулацијата и бруталноста, под будното око на јавноста се случува една некласична приказна која Ве прави зависни од самата. Очигледно перење мозок од умоболен, но итар предатор во не толку далечната 1986 година која ќе произведе неверојатен резултат и очекувана траума кај двете девојки.

„Кога се следи патот за промена на Вашиот живот, не вреди да застанете да ги помирисате розите на истиот, се вели во познатите книги за самопомош. Розите имаат трње, па дури и восхитот кон нив може да произведе лоши резултати. Едно лице може да се осакатува себеси со години и една вечер да заврши на подот од бањата. На крајот, може да се сети дека има цел во животот и да се присили да се врати на првичниот план, знаејќи дека сепак игнорирањето на розите ќе го одведе до постигнување на целите.“

Како тинејџерки, Попи и Серена се единствените сведоци на трагичниот настан кога нивниот професор беше избоден до смрт. Во сржта на жестока јавна дебата, двете навидум гламурозни девојки беа наречени „Девојките од сладолед“ од страна на печатот и со нив се занимаваше судството и односите со јавноста. Едната од нив завршува во затвор. Години подоцна, откако го заклучија случајот во ковчежињата на нивното минато, Попи сака да излезе со вистината изјава за злосторството, додека веќе омажената Серена, во среќен брак со две деца, не сака нејзиното семејство да дознае што ѝ се случувало во младоста. Но, како што велат луѓето – некои тајни не можат да останат закопани… и ако нивната излезе на површина, ситуацијата ќе стане пеколна за обете страни. И приказната не би била зачинета доколку и животите на двете девојки не биле изменети со допир на професорот Маркус, во кој и двете се заљубиле – а подоцна, и двете биле искористени од него. Токму пред тој да биде убиен. Со само 16 години, девојките од сладолед со сета своја ранливост и невиност дозволија животот да им се стопи токму пред нивните очи! Целата ситуација се компликува со инвовираноста на медиумите, каде резултатите доаѓаат до свое ниво на потсмев. Кога возрасен човек заведува дете во телесна смисла на зборот, тогаш тоа е силување – независно за кој правосуден систем се работи. Застрашувачка приказна која се повторува години и години наназад, кога жените се заробени во безизлезна ситуација и сеуште не можат да се ослободат од бремето на психата дури и кога излезот е пронајден. Иако пристапот е видно екстремен, лекцијата е крајно релевантна: додека постарите ќе се ужаснат со потврдата во каков свет живееме, помладите ќе се обесхрабрат по повод изгубените вредности на луѓето.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМашки тренд | Тексас јакна
Следна објава„Еден фустан, една жена, еден свет“ | Jeff Salvage
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР