000По сосема случајно сценарио, често се случува извитоперено пресликување на еден единствен трагичен сегмент во даден период од животот да повлече низа сличности од иста тематика… така,авторката на „Ќерката на мојата најдобра пријателка“ прави својата главна протагонистка Кендра да се пресели од Сиднеј во Лондон – менувањето на работното место значи и менување на адресата на живеење. На нејзина особена среќа, се сели во безбеден кварт, во летната куќичка на свежо разведениот Кајл и неговите темпераментни близнаци, припадници на различен пол (нејзината среќа обострано се однесува на двете мали суштества во чие друштво несомнено ужива). Кендра претставува се што им е непознато на близнаците – поинаква боја на кожа, поинаков распоред на обврски, поинаков стил на облекување (компаративно со нивната мајка) и поинаков режим на исхрана. Највеќе од се им годи што таа применува колачиња како оброк секое утро!

Кој не би посакал таква мајка?

Блиска на интересите и потребата на квази-згрижените деца од лик кој им би го исполнил времето со смеа и забава, таа им станува премногу блиска и неопходна. Покрај параванот кој е видлив на прв поглед, Кендра е свесна дека контролата врз нејзиниот живот во голема мера и се лизнала од раце – во обид за бегство од страшната трагедија врзана за Австралија, таа се впушта во сигурно гнездо помеѓу ликови на кои им е повеќе од нужна фигура. Тоа и не звучи така ужасно се додека не се појавува причинителот на нејзината најголема несреќа…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Очи во очи
Следна објаваМагичен чоколаден десерт
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ