Среќата не е цел. Таа е производ. Парадоксално, најсигурниот начин да се биде среќен е намерно планирање на животот да тече непланирано. По кратко време, навистина кратко време – ќе има малку нешта во кои навистина сте уживале. За она што Ве радува во животот и што прави со нетрпение да го очекувате утрешниот ден е задоволувањето на другитe.

[ . . . ]

Лесно е да се навлезе во авто-апсорбција и тоа е подеднакво фатално. Кога станувате повлечени во себе, во својата здравствена состојба на лични проблеми, или во малите детали на сопствениот живот: тогаш вие истовремено губите интерес за другите луѓе, или полошо, ја губите својата врска со животот. Тоа е како почеток на смртта.

Отсекогаш ми се допаѓал коментарот на Дон Кихот кој вели дека „До смртта, се’ е живот.“

Ако некој некогаш ме праша што сметам како три услови на среќа, мојот одговор ќе биде: „чувството кога сте биле искрени со себе и со оние околу Вас, чувството дека нештото сте го направиле најдобро што сте можеле како во личниот, така во професионалниот живот и чувството дека сме способни да љубиме и да бидеме љубени.

Но, постои уште еден основен услов, а јас не можам да разберам како сум го заборавила сево ова време – тоа е чувството кое прави да се чувствувате полезни. Полезноста, во било која форма и траење, е цената што треба да ја платиме за воздухот кој го дишеме и храната која ја јадеме. За привилегијата што живееме. И тоа е нејзината сопствена награда, таа е почеток на среќа, исто како што самосожалувањето е почетокот од мизеријата.“

~ Еленор Рузвелт

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМиранда Кер за Манго
Следна објаваInception говорници | Jordan Seiler
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР