Marc Da Cunha Lopes е фотограф кој живее и работи во Париз, роден во 1979 година. Студирал фотографија во Gobelins, дипломирал во 2005 година. Воглавно работи на проекти за маркетинг и магазини. Има работено за Playstation, Peugeot, Fiat, Canal Plus, Nike, Reebok, Decathlon, Nescafe, Disney и многу други.

„LULU“ е еден од последните проекти на Lopes; фотографии каде девојче е облечено во Haute Couture, опкружено со елеганција и гламур. Преку фотоманипулација на сликите се наоѓа и стаорец и други предмети во неприродна големина. Фотографиите потсетуваат на Алиса во земјата на чудата, пренесувајќи чувство на магија и луксуз.

1

5

4

3

2

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИгрите на гладните | Honest trailers
Следна објаваМодни изгледи од филмови
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР