„И затоа беше решено и оваа година, сите области на Панем да понудат во своја чест – еден млад човек и една млада жена да бидат испратени во борба до смрт во името на таа чест, храброст и пожртвуваност.“

Покрај многуте погледи и предвидувања за во иднина, земајќи го во предвид наводниот крај на светот, или, поточно кажано – крахот на цивилизацијата зачнат и материјализиран од алчноста и егоизмот на истата, Сузан Колинс го сместува дејствието на својот трилер во едно не така далечно идно време, а го врзува во рушевините на Соединетите држави на Америка… Гери Рос се обиде истото да го материјализира на големото платно.

По барање на гледачите, тимот на Honest trailers изработува искрен трејлер за првиот од триологијата на Сузан Колинс, Игрите на гладните. Меѓу библиофилите, како по рецепт, преовладува сомнежот при обидите да се филмува одредена книга. Речиси секогаш, се оправдува констатацијата дека книгата е подобра од филмот – со скоро синхронизирана екипа, следењето на сижетните линии малку недостасува од визијата на Колинс. Она што навистина е забележливо отсуство од суштината на филмот е моментот на глад! Девојката која ги постави параметрите на почит кон хероините е истата девојка која гореше во романот…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Здолниште со висока половина
Следна објаваLULU | Marc Da Cunha Lopes
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР