Филмските трејлери се најпознатиот начин за промовирање на филм и реално, единственото нешто што го знаеме за содржината на филмот пред да го погледнеме. Верувам дека секој од Вас барем еднаш во животот бил “измамен” од трејлер. Ваквиот видео приказ обично е склоп од најинтересните сцени и реплики, совршено измонтирани така што во моментот изгледа како тоа да е ‘најинтересниот филм во светот што мора да го погледнете!’ Трејлерите честопати ги зголемуваат очекувањата на публиката – или откриваат премногу, како во случајот со многу комедии каде најсмешните сцени од филмот всушност ги гледате во трејлерот, или пак Ве упатуваат во погрешна насока давајќи Ви погрешна идеја за тоа што да очекувате од филмот. За жал, сето ова го откривате предоцна, откако сте го изгледале филмот. Поттикнати од ова, не можеме да не се запрашаме:

Како би изгледале трејлерите доколку реално би ја презентирале содржината на филмот?

Oдговор на ова прашање дава тимот филмофили Screen Junkies, кој изработува нивна верзија на трејлери на филмски блокбастери, таканаречени искрени трејлери. Овие уникатни трејлери се составени од интересно измонтирани сцени од филмот, пропратени од тонско парче исполнето со саркастични забелешки со акцент на негативните страни на филмот, сето ова спакувано во комична амбалажа. Досега се ‘рецензирани’ повеќе од десетина филмови, вклучувајќи ги Тwilight, Inception, The Dark Knight, Prometheus, Avatar, Star Wars, Titanic, Тhe Amazing Spiderman, Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull, Paranormal Activity и други. Подгответе се добро да се насмеете гледајќи ги најдобрите искрени трејлери во продолжение.

Avatar (2009)

Тwilight (2008)

 Prometheus (2012)

Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull (2008)

Star Wars: Episode I – The Phantom Menace (1999) 3D

Paranormal Activity (2007)

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Под поинаква светлина“ – Солун
Следна објаваНов бесплатен чоколаден секс – Кит Лоу
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР