На 16-ти февруари, Beyonce во својот автобиографски филм понуди увид во нејзината кариера и личен живот. Во филмот зборува за нејзиниот абортус, нејзината интензивна љубов и восхит кон Џеј-Зи и нејзината најголема љубов, малата ќеркичка Блу Ајви. Иако од надвор гледано нејзиниот живот ни изгледа како сон, но сепак нејзиниот живот не е само сон. Еве 10 работи кои може да се научат од Life Is But a Dream.

1

1. Личниот и професионален судир со нејзиниот татко, Methew Knowles е прикажан со домашни видео снимки. Стресот и напорот на нивните професионални односи ја нарушува и нивната лична конекција. Beyonce посочува дека никогаш не го добила неговото одобрение – постојано ја буткал се со цел да биде посилна. Прекинувањето на професионалните односи е начин да се одржат границите, но со тоа таа го жртвувала целиот однос со него. – Понекогаш мора да се разграничи личниот од професионалниот живот.

2. Нејзината најголема кариерна цел е независност: „Не сакам да треба да пеам за исти работи во наредните 10 години. Така не можеш да созрееш. Сакам да можам да пеам колку се мразам себеси, ако се чувствувам така. Сакајќи да сама да ја креирам својата иднина, си поставив цел: да бидам независна. – Независноста треба да биде цел во секоја кариера.

3. Има свој видео дневник благодарение на кој Life Is But a Dream изобилува со многу интимни моменти кои ни даваат поинаков пристап на животот на Beyonce. Јасно е дека сака камера, или поконкретно нејзините MacBook. Одржувањето на видео дневник е нејзиниот начин да се пронајдат одговорите на прашањата на нејзиниот живот. – Најдете начин да си ги документирате најзначајните моменти.

4. Никогаш не знае како би звучел албумот кога е на снимање. Сака да биде искрена, страсна и ранлива со нејзината работа. „Луѓето не прават албуми повеќе. Создаваат само синглови се со цел нивно продавање…“. Во текот на филмот Beyonce докажува дека таа не е само славна личност, таа е уметник во студиото. – Предадете се на својата работа со цело срце, поради тоа што го сакате, не поради пари.

5. Понекогаш го мрази Интернетот и е чуствителна на гласини. Според неа преку медиумите се создаваат искривени слики за личниот живот на познатите, а тоа не треба да биде интерес на медиумите и луѓето. Но за жал, токму таквите гласини ја менуваат перцепцијата на луѓето на музиката и перцепцијата. – Гласините не се ништо повеќе, од само гласини.

6. Нејзината „најтажна песна“ ја напишала после спонтаниот абортус. „Јас бев бремена за прв пат и чув чукање на срцето, кое беше најубавата музика што некогаш ја имам слушнато во животот. Буквално една недела пред да отидам на лекар се беше во ред… но немаше чукање на срцето.“ Тоа предизвикало шок во нејзиниот живот, со повредено срце таа се свртела кон музиката. „Отидов во студио и ја напишав најтажната песна која сум ја напишала досега. Тоа беше најдобрата форма на терапија.“ – Најдете начин да се помогнете самите себе во тешките моменти.
„I guess love just wasn’t enough for us to survive. I swear I swear I swear I tried. You took the life right out of me. I’m so unlucky I can’t breathe. You took the life right out of me. I’m longing for your heartbeat, heartbeat.“

7. Пеела во фризерскиот салон на мајка и’, така заработувајќи пари. – Без оглед на почетоците, врвот никогаш не е недостижен.

8. Самата себе се смета се смета за феминиска. Според неа не станува збор за еднакви права, туку за начин на размислување. Поврзувањето со други жени е важно за неа, таа вели: „Го сакам мојот сопруг, но нема ништо како разговор со жена која Ве разбира. Јас созревам со тие разговори. Ми требаат моите сестри.“ – Негувајте ги пријателствата.

9. Таа со текот на годините престанала да биде љубезна и станала реална. Од својот татко научила дека во бизнисот учтивоста не лета. „Можам да бидам фер, но да бидам лажно љубезна, не е фер кон мене“. – Бидете она што сте, без лажна љубезност кон никого.

10. Верува дека се се’ случува со причина и често се моли. „Јас сум резултат на молитвите на мојата баба, мојата мајка се моли за мене, а јас се молам за мојата ќерка постојано“. – Се се случува со причина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЉубов во Париз | Peter Turnley
Следна објаваФото на денот | Во рацете на тато
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР