Loan Nguyen започнува креативна задача насловена „Времето и другите природни феномени“. Фотографии на кои се претставени климатските промени со кои се соочува светот. Со помош на реквизите како на театарска сцена, таа е сценограф кој создава едноставни, но ефективни сцени, создавајќи фотографии кои носат силна порака во себе. „Станува тешко да се следат климатските промени; секој ден во медиумите, нов факт: глечерите се топат, пустините се шират, водата истекува, и секојден се прашувам дали светот ќе ги преживее климатските промени… Овој мој страв ме натера да го започнам овој проект; фрустрацијата од овие глобални проблеми ме натера да посакам да станам, бар на слика, некој вид на Бог кој има способност да влијае на светот.“

1

2

3

4

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМасичка со две лица | ehoeho studio
Следна објаваГрбот на својата сакана | Fabio Sabatini
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР