Омилените чудовишта се враќаат на големото платно во анимираниот филм Monsters University продолжение на еден од најдобрите анимирани филмови од Disney/Pixar, Monsters Inc. Дејствието на филмот е сместено десетина години пред настаните од првиот, и раскажува за студенските денови на протагонистите Саливан и Мајк, во универзитетот каде се едуцираат за подоцна да станат успешни чудовишта во корпорацијата.

1

Филмот ја раскажува приказната за запознавањето и бурниот студентски живот на 17-годишниот Мајк Вацовски (Billy Crystal) и 18-годишниот Саливан Трак (John Goodman) на универзитетот, каде двајцата членуваат во исто братство. Иако овие различни карактери подоцна во животот се неразделни пријатели, нивниот однос не бил отсекогаш така пријателски – всушност тие не се поднесувале, а во овој филм ќе видиме како ги надминуваат разликите. По она што можеме да го видиме во краткиот трејлер, во филмот ќе погледнеме многу незгоди и практични шеги кои Сал му ги прередува на Мајк, a нема да изостане ни појавата на главниот антагонист од првиот филм, чудовиштето Рандал (Steve Buscemi). Премиерата на една од најочекуваните анимирани авантури годинава е закажана за на 21ви јуни 2013.

4

Улоги: Billy Crystal, John Goodman, Steve Buscemi, Jennifer Tilly, Kelsey Grammer

Жанр: Анимација, Авантура, Комедија.

Режија: Dan Scanlon

Погледнете го и интересниот ТВ спот за филмот направен во стилот на вистинските видео реклами за универзитетите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗошто се уште читаме бајки?
Следна објаваНаправи сам | Лустер од оригами
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР