Можеш да дочекаш живот од 100 години само ако се откажеш од сите работи кои те тераат да посакаш да доживееш 100 години.”

1

Со преку педесет филмови зад себе, повеќекратниот добитник на оскар, чии четири филмови се дел од листата на 100-те најдобри сценариа на сите времиња, Вуди Ален со легитимно право важи за еден од најдобрите раскажувачи на денешницата. Авангарден, брутално искрен, сестран и смешен, Вуди Ален е ‘вечно мизерниот’ реалист со исклучително бујна фантазија. Контаверзноста на неговиот приватен живот не успеа да го направи помал ниту полош писател, режисер, актер или комичар. Вуди Ален е човекот чии зборови на симпатичен начин раскажуваат навидум едноставни приказни, чии поенти ја поттикнуваат човековата психа и крајно импресионираат. Ако сакате да ја искусите неговата уникатна визија во повеќе наврати, предлагаме да ‘истрчате’ еден маратон од неколку вредни дела од неговата богата филмска ризница.

2

Annie Hall (1977)

Жанр: Комедија, Романтична драма

Улоги: Woody Allen, Diane Keaton, Tony Roberts

Време на траење: 93 минути

Kратка содржина: Романтичните авантури на невротичниот Њујоршки комичар Алви (Woody Allen) и неговата подеднакво невротична девојка Ени Хол (Diane Keaton). Филмот го следи патот на нивната врска, почнувајќи од првата средба и служи како интересн историски документ за љубовта во седумдесетите во Њујорк. Овој добитник на четири Оскари е претходник на модерните романтични комедии кој дава воздигнувачки и утешителен поглед на животите на несовршените човечки суштества.

2Zelig (1983) 

Жанр: Комедија, Фантазија

Улоги: Woody Allen, Mia Farow, Patrick Horgan

Време на траење: 79 минути

Кратка содржина: Фиктивен документарец за животот на човекот-камелеон Леонард Зелиг (Woody Allen), личноста која се прославила во 1920тите поради способноста да изгледа и да се однесува како секој околу него. Оваа фантастична комедија преку едно психолошко нарушување на протагонистот го поттикнува прашањето на идентитет, осврнувајќи се кон човековиот стремеж да се припадне и желбата да се биде допадлив.


4Midnight in Paris (2011)

Жанр: Комедија, Фантазија, Романтика

Улоги: Owen Wilson, Rachel McAdams, Kathy Bates, Michael Sheen, Adrien Brody

Време на траење: 94 минути

Кратка содржина: За време на одморот во Париз со неговата вереница Инез (Rachel McAdams), носталгичниот сценарист Гил (Owen Wilson) се заљубува во градот и една полноќна прошетка низ градот на светлината мистериозно го носи во 1920те години, кои според него се златната доба, каде среќава значајни личности од светската литература. Овие прошетки во минатото додека му служат на Гил како совршена испирација за пишување, се’ повеќе ги истакнуваат различностите помеѓу оваа уметничка душа и неговата вереница. Овој добитник на оскар, дел од циклусот на европски филмови на режисерот, раскажува современа приказна за љубовта и бескрајниот круг на носталгијата по подобро минато време.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКучиња: Rocco, Ralph и Simon | Serenah
Следна објаваЖивеење на работ | Ahn Jun
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР