Хипер – реалистични слики на платно, дела на Christiane Vleugels. Слики со огромна доза на реалистичност, за кои на прв поглед ќе помислите дека станува збор за фотографии. Уште на 12-годишна возраст, Christiane започнала со сликање и со усовршување на нејзините дела. Секоја слика претставува одреден лик во одреден аспект, а целта на Christiane е да ги мотивира луѓето да сонуваат, да го гледаат светот од поинаков, уметнички агол. Уживајте.