Sci-Fi Dine-In Theater се наоѓа во тематскиот парк на Дизни – “Холивуд Студиос” во Флорида и е уникатно место кое го комбинира гледањето филм и јадењето во едно. Овој концепт на дизајн е очигледно е инспириран од 50-тите години на минатиот век, периодот на поjавување и експанзија на drive-in кината во САД. Во кино-ресторанот може да гледате избор од краткометражни и долгометражни научно-фантастични филмови, како и култни филмови со чудовишта, додека вечерате на вашето сепаре кое всушност изгледа како vintage кабриолет автомобил – нешто што го видовме во филмот “Pulp Fiction“, конкретно во ресторанот прикажан во култната сцена на танцот помеѓу ликовите на Џон Траволта и Ума Турман.
Ова е само една атракција од многуте инспирирани од седмата уметност кои ги има во тематскиот парк “Холивуд Студиос” – целиот парк овековечува филмови, возвишува актери и ја оживува филмската култура карактеристична за златната доба на Холивуд.
Ресторанот The Jacк Rabbit Slim виден во филмот “Pulp Fiction”