Група на високо едуцирани и квалификувани дипломирани студенти, кои одамна го пронашле своето место во општествениот професионален систем, го посетиja стариот професор на нивниот Универзитет. По искрена радост и наплив на емоции, разговорот помеѓу нив многу брзо доби ожалостен тек бидејќи омилените студенти на професорот бездруго се пожалија на нивниот стрес во сите сфери на живеењето. Откако професорот им понуди кафе, се врати од кујната во неговиот кабинет носејќи неколку шолји кафе кои драстично се разликуваа во својот изглед – додека некои делуваа како присобрани од различни сетови за кафе, две од нив беа порцелански, една кристална, три од нив се познаваа дека се многу скапи, додека останатите три беа навистина обични и значително остарени од користење. Драгиот професорот ги повика сите да станат да си го испијат кафето додека не се изладило…

Кога секој еден од студентите во рака држеше шолја кафе, професорот им се обрати:
Ако воопшто забележивте, мои драги деца, сите шолји кои изгледаа убаво и скапо први беа земени од масата, оставајќи ги недопрени оние старите. Додека е навистина оправдано да го сакате најдоброто за себеси, истовремено истото е извор на сиот Ваш стрес во животот. Она што навистина го сакавте беше шолја жешко кафе, а не убава шолја, но Вие сепак се упативте да приграбите од оние поубавите за изглед!
Без да очекуваат, ја добија највредната лекција во животот…

Ако животот е кафе, тогаш професијата, парите и општествениот статус се шолјите за кафе. Тие се само алатки за пренос на суштината, да се одржи и живее животот. Не дозволувајте шолјите да Ве измамат. Уживајте во кафето!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБегство од секојдневието | Весна Велевска
Следна објаваНаправи сам | Принт со компир
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР