Додека сите девојчиња сонуваа да бидат балерини и манекенки кога ќе пораснат, оние интелигентните посакуваа да бидат адвокатки и докторки. Но, не и оваа млада дама, главниот лик во романот „Бонд девојка“. Млада, прекрасна и остроумна: Алекс Герет е девојка која влегува во светот на спектакуларните стари момци на Вол Стрит. Прашањата кои ги третира деби-романот на Ерин Дафи, се сконцентрирани околу бизнисот – дали истиот ќе успее, дали ќе има бенефит и дали ќе се одржи моралот додека чекорот цели кон врвот? Атмосферата на економска тежина не е исклучена од приказната за една жена во машкиот свет, една жена која колку и да е имуна на шармот на костумите, не може да се огради од скапите парфеми, брендираните вратоврски и брзиот бизнис-рефлекс. Со амбиција да го стави Вол Стрит под нозе, со игнорирање на елитистичкиот машки клуб и новиот надимак Girlie, Алекс не си дозволува себеси да се откаже од целта… притоа проучувајќи ги и осветлувајќи ги Топ десет нешта кои веројатно не ги знаете за најпознатата бизнис улица на светот:

10. Бројот на банки и брокерски куќи во американска сопственост на истата изнесува нула.
9. Отворените прозорци на канцелариите се преценети.
8. Moran’s Ale House & Grill во срцето на финансискиот свет на Менхетен служи за пиво-партија помеѓу Меморијалниот ден и 1ви Мај, како и секој друг клуб.
7. Бесплатната пица е лек за се’. Особено пред 10 часот наутро.
6. Лимузина од $65 со газирани пијалоци на располагање е сосема приватлив превоз до работа кога станува збор за 10 блокови.
5. … или 5 блокови кога врне.
4. Да се знае математика е важно, но, ни приближно важно како да се знае голф, да се познава виното и часовниците.
3. Мокасините на Гучи се адекватни за секоја облека, во сите временски услови, долж целата година.
2. Чорапите се изборни (и ретко потребни).
1. Залогот е залог: дури и ако ја загубите кредитната картичка на рулет, сепак ќе ја платите сметката. Никој не се грижи што имате 22 години и сметка од 1. 000 долари.

На крајот на краиштата, малку естроген не штети на бизнисот. Но, внимавајте, ова не е приказна за Бонд. Ова не е приказна за поубавата половина на Џејмс Бонд. И покрај финансиските детали, никој не може да замижи пред интелектуалната зрелост на една девојка. Карактеризирана како чик-лит поради својата корица и тема, приказната повлекува и содржина позади завесата: саркастична и уникатна се епитети кои највеќе и прилегаат на Ерин Дафи. Брза, смешна и зависна – често споредена со „Ѓаволот носи Прада“ на Вол Стрит, „Бонд девојка“ ќе направи да навивате за Алекс, за нејзината енергичност, амбициозност и несекојдневен дух комбиниран со непокорливата волја да застане рамо до рамо со најдобрите лоши момци, и на крајот, да се издигне над сите нив.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБалерини низ урбаниот хаос | Dane Shitagi
Следна објаваПролетна кампања на Louis Vuitton
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР