Maddie Brindley, девојката која ја направи неверојатната минијатурна верзија на хобитската куќа, повторно е актуелна со ново минијатурно дело – Овојпат станува збор за минијатурна куќа за глувчиња.
Инспирирана од куќичката во серијата приказни Brambly Hedge од Jill Barklem, овој талентиран дизајнер-аматер уште еднаш ја импресионираше широката јавност со своерачен проект.
Во материјалите употребени во изработката преовладува тврда и мека хартија, а останатите се дрво, пластика, гума и платно. Со исклучок на сијаличките и некои кујнски додатоци, секој предмет во домот на глувчињата е рачно изработен или пак модифициран од страна на Меди. Како и во претходниот проект, идејата е исклучително креативна, а изработката беспрекорна.