Мапи, карти… изгледаат досадно иако се многу корисна работа за снаоѓање во и така хаотичниот свет, кој иако со глобализацијата стана „глобално село“ сепак во споредба со него, човекот е премногу мал. Уметникот Ed Fairburn ги искористува хаотичните линии на патишта, возови и реки, отпечатени на карти како рамка, позадина за неговите портрети. Речиси како склуптор кој резба предмет од дрво, Fairburn користи прецизна техника со помош на мастило или молив со цел да создаде портрети скриени меѓу топографските карактеристики. Доказ дека уметноста може да биде насекаде околу нас, само доколку погледнеме посуштински во светот што не опкружува.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрекрасни суштества – Ками Гарсија и Маргарет Стол
Следна објаваСвета книга на лозинки | Aram Bartholl
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР