guillaume-musso-appel-ange.jpgПриказна за две личности, Французин и Англичанка кои случајно ќе се судрат телесно на аеродром, ќе ги разменат своите смартфони по непланирана грешка – а кога ќе сфатат, ќе биде премногу доцна. Така што, и двајцата, раководени од сопствената љубопитност како неоспорна човечка особина и изненадувањето што го приредуваат, најчесто погрешните, први впечатоци ќе Ве одведат кон едно вистинско запознавање под надворешниот изглед… Дали и Вам мобилниот телефон Ви претставува Ваше мало куферче со тајни?

Идејата да се создаде ваков романтично-комедичен роман од кој наѕира љубопитност е производ на личното искуство на Мисо: пред неколку години, нему му се случило да го замени мобилниот телефон со една жена на аеродром, но за среќа, навреме ја детектирале грешката. Но, тој вели „што ако приказната не завршува тука…“, поставувајќи ги темелите на неговиот следен роман за време на неговиот лет назад кон Франција. Создавањето на цврсти карактери како уредната цвеќарка Медлин, која живее во хармонија со своето момче во Париз е само површински слој на нејзиното болно минато како една од најдобрите истражни службеници во родниот Манчестер. Со трауматизирачка истрага за која верува дека останала во минатото заедно со нејзините фатални последици, верува во сопствената летаргија се додека не го запознае Жонатан. Од друга страна пак, Мисо ужива во креирање на темен карактер на неговите машки ликови – принцип на преминување на работ за подоцна да доживее издигнување на феникс, така што во случајов, се работи за врвен и оригинален готвач на денешницата, вистински уметник во кулинарството се додека не доживее неочекувано предавство, болен развод и апсолутно губење на инспирацијата да создава. По точки на флегматичност и губење на жарот во себе, смената на мобилните телефони поминува со низа погрдни зборови и лошо расположение кое се влече долж половина на романот. Можеби основата на истиот е една несекојдневна љубовна приказна за себе-прифаќањето на прво место, но истата гротексно се трансфомира во моќен трилер и заплеткана мрежа на комплексни информации кои дополнително додаваат тежина на овие страници. Миксот на жарнови градат комбинирање на мистериозноста на една истрага со темпо на трилер и еволутивна љубовна приказна согласно модерните сфаќања – додека едни тоа ќе го наречат крими-роман, Мисо се радува на терминот „романтичен трилер“. Неочекувано врзување на два непознати карактери во една мистерија која се одзива на името Алис.

По багажот концентриран во „Затоа што те љубам“, „А потоа“, „Што би правел јас без тебе“, „Дали ме чекаш“ и „Врати ми се“; можеби со неверување или умор од ваквиот жанр ќе одбиете да ја прочитате и оваа приказна… но, и Вие како и другите, сте затекнати во сопствената недоверба на вистинската надеж во светот. На крајот од денот, нема да се чувствувате згрозени од уште еден ефтин романтичен пример, туку ќе се согласите со „денес катанецот се скрши сам од себе и љубовта повторно почна да го инспирира“. Привлечна и заразна, ќе направи да се почувствувате зависни од оние близу Вас кои поседуваат душа, а не најнова технологија.

НЕМА КОМЕНТАРИ